ЗАКЛУЧОЦИ НА ВЛАДАTA НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СО КОИ СЕ ПРЕПОРАЧУВА МЕДИЈАЦИЈА ПРИ РЕШАВАЊЕ СПОРОВИ

                 На сто четириесет и втората седница на Владата на Република Северна Македонија која се одржа на 04.07.2019 година, усвоена е Информација во врска со Меморандумот за соработка помеѓу Владата и Комората на медијатори на Република Северна Македонија, при што се усвоени следните заклучоци :
 
            1. СЕ ПРЕПОРАЧУВА на органите на државната управа, други државни институции и единиците на локалната самоуправа, при решавање на спорни прашања кои произлегуваат  од делокругот на нивното работење, ДА ЈА ИЗБЕРАТ МЕДИЈАЦИЈАТА како можност за решавање на споровите со цел побрзо решавање на истите и спречување на дополнителни трошоци кои произлегуваат од нив и при остварување на деловната соработка да учествуваат во унапредување на пристапот за компромисно решавање на  споровите.
 
            2. СЕ ЗАДОЛЖУВА Министерството за Правда, при изготвување на измени на соодветни закони, да предвиди измени во делот  на испитот за медијација, со цел  ревизија на испитот на медијатори во насока на потребни компетенции и вештини кои треба да ги поседуваат медијаторите, во делот на усогласување  во водењето  на регистри за медијација кои ги водат Министерството за Правда и медијаторите, како и  воведување електронска достава  во медијацијата.
 
            Заклучоците се доставени до Министерството за Правда, органите на државната управа и други државни институции, како и до сите единици на локална самоуправа.