СИНГАПУРСКА КОНВЕНЦИЈА ЗА МЕДИЈАЦИЈА

Конвенција на Обединетите нации
за меѓународните спогодби  за решавање на споровите кои произлегуваат од медијација
 
СИНГАПУРСКА КОНВЕНЦИЈА ЗА МЕДИЈАЦИЈА
07.Август.2019,  Сингапур
 
 
Потписниците на оваа Конвенција,
 
ОЦЕНУВАЈЌИ го значењето на медијацијата  во меѓународната трговија, како метод на решавање на трговските спорови во кои страните во спорот бараат трето лице или лица да им помогнат во обидот спорот да се реши на мирен начин,
 
ПРИМАЈЌИ на знаење дека медијацијата се почесто се користи во меѓународната и домашна трговска пракса како алтернатива на судската постапка,
 
ИМАЈЌИ во обзир дека користењето медијација носи значајни придобивки, како што е намалување на бројот на случаи каде спорот доведува до престанок на деловниот  однос, олеснување на управувањето со меѓународни трансакции со страна на трговските субјекти и заштеда при спроведување правда од страна на државата,
 
УВЕРЕНИ дека воспоставувањето рамка за меѓународните спогодби за решавањето на споровите кои произлегуваат  од медијација  што би била прифатлива  за држави со различни правни и економски системи, придонесува за развој на хармонични меѓународни економски односи,
 
            Се спогодија за следното,
 
Член 1
Област на примена
 
            1.Оваа Конвенција се однесува на меѓународните спогодби за решавање спорови што произлегуваат од медијација и кои страните ги склучиле во писмена форма заради решавање на трговските спорови (спогодби за решавање спорови) кои во моментот на склучување на спогодбата се меѓународни по тоа што:
 
            (а) Најмалку  две страни  на таквата спогодба  за решавање на спорот  имаат свое седиште  во различни држави или
            (б) Државата во која страните во спогодбата за решавање на спорови  имаат свое деловно седиште, не е :
 
            1.Држава  во која се извршува  претежниот дел од обврските  од спогодбата  за решавање на спорот или
            2.Држава  со која предметот на спогодбата за решавање на спорот е најблиску поврзан
 
            Оваа Конвенција не се применува на спогодби за решавање на спорови  кои се:
 
            (а) Склучени заради решавање на спор  кој произлегува  од трансакција  во која учествувала  една од страните (потрошувач) во лични, семејни или за потребите на домаќинствата
              (б) во врска со семејно, наследно или работно право
 
            Оваа Конвенција не се применува на:
 
            (а) Спогодби за решавање на спорови:
            1.Кои ги прифатил/признал  судот  или кои се склучени  во тек на постапка  пред суд и
            2.Кои се извршни како пресуди, во државата  на таквиот суд
 
            (б) Спогодби за решавање на спорови  кои се составени  во форма на  арбитражни одлуки  и извршни на тој начин.
 
Член 2
Дефиниции
 
            1.За потребите на член 1 , став 1 :
 
          (а) Доколку страната има повеќе од едно деловно седиште, како официјално седиште се смета она кое е во најблизок однос  со спорот  кој е решен со спогодбата за решавање на спор, имајќи ги во вид околностите кои им се познати на страните или кои страните ги разгледале  во моментот  на склучување на спогодбата за решавање на спорот
          (б) Ако  страната нема деловно седиште, релевантно ќе биде седиштето на вообиченото престојувалиште на страните
 
            2.Спогодбата за решавање на спорот е во ,,пишана форма,, доколку е нејзината содржина прибележана во било кој облик. Барањето спогодбата за решавање на спорот да биде во пишана форма се смета за задоволено  и со електронска комуникација  доколку информациите кои се содржани во него се достапни така да може да се користат  за дополнително разгледување.
 
          3.Медијацијата  е постапка без оглед  на тоа кој израз се користи  или по кој основ постапката се одвива, каде страните  се обидуваат  да го решат спорот  по мирен пат  со помош на трето лице  или трети лица (медијатори) кој(и) нема(ат) овластување  да наметнуваат решение  на страните на спорот.
 
Член 3
Општи начела
 
            1.Секоја од потписниците на Конвенцијата  ја извршува спогодбата  за реавање на спорот во согласност со своето национални процедурални правила  и според условите  утврдени во оваа конвенција
            2.Доколку дојде до спор во врска со предметот  за кој некоја од страните  тврди дека е веќе решен со спогодба  за решавање на спор  во постапка на медијација, земјата потписничка  на КОнвенцијата  ќе и дозволи  на таа страна да се  повика на спогодбата  за решавање на спорот  во согласност со нејзините национални процедурални правила и според условите утврдени со оваа Конвенција , како би докажала дека предметот е веќе решен.
 
Член 4
Услови за повикување на спогодбата за решавање на спор
 
            1.Страната која се повикува на  спогодбата за решавање на спорот,  во смисла на оваа Конвенција, ќе достави до надлежните органи на земјата потписничка на оваа Конвенција во која се бара извршување :
 
            (а) Спогба за решавање на спорот која ја потпишале страните
            (б) доказ дека спогодбата за решавање на спорот  која произлегла од медијација, и тоа:
            1.потпис на медијаторот  на спогодбата  за решавање на спорот
            2.исправа која е потпишана од медијаторот , дека медијацијата  е спроведена
            3.потврда од институцијата  која ја администрира медијацијата, или
            4.во недостиг на 1,2 или 3, било кој доказ кој е прифатлив  за надлежниот орган
 
           2. Барањето спогодбата  за решавање на спорот да ја потппишат страните  или, каде е тоа применливо, медијаторот, е потполно ако  во поглед на електронската комункација доколку :
            (а) е користен  метод за идентификација  на страната или медијаторот или ознака  за намера на страната или медијаторот во поглед  на информацијата содржана  во електронската комуникација и
            (б) користениот метод е или :
            (1)  доволно сигурен  за целта за која е електронската комуникација изработена или проследена , во светло на сите околности , вклучително на било  која релевантна спогодба , или
             (2) докажан дека ги исполнил  функциите  опишани  во подставот (а) погоре , самостојно или заедно со други докази
 
              3. Доколку  спогодбата за решавање на спорот  не е на официјалниот службен јазик на земјата потписничка во која се бара извршување, надлежниот орган може да побара превод  на спогодбата  на тој јазик
 
              4. Надлежниот орган може да бара  неопходни документи  како би се утврдило почитување на условите предвидени со оваа Конвенција.
 
              5.Во разгледувањето на барањето за извршување, надлежниот орган дејствува без одлагање.
 
Член 5
Основ за одбивање на извршување
 
            1.Надлежниот орган на земјата потписничка каде се бара извршување, може да го одбие барањето  за извршување на  предлогот на страната против која  се бара извршувањето исклучиво доколку таа страна достави до надлежниот орган  дека е :
            (а) една страна на спогодбата  за решавање на спорот не е правно способна  за склучување спогодба
            (б) Спогодбата за решавање на спорот на која се повикува:
            (1) е ништовна и не произведува  дејство или неможе да се изврши  во согласност со  правото на кое страните ја засновале, или доколку страните за тоа не се спогодиле , во согласност  со правото каде надлежниот орган на земјата потписничка се смета за меродавен орган
            (2) не е обврзувачка, или конечна , според условите  содржани во истата или
            (3) дополнително е променета
           
(в) Обврските дефинирани во спогодбата за решавање на спорот :
(1) се веќе исполнети,или
(2) не се јасни или разбирливи
 
(г) Одобрувањето на извршувањето би било спротивно на условите пропшани во спогодбата за решавање на спорот
 
(д) Медијаторот во сериозна мера  ги прекршил стандардите  кои се применуваат на медијаторите  или медијацијата, а под тие околности  страната не би склучила спогодба  за решавање на спорот или
 
(е) Медијаторот пропуштил да им ги открие на страните околностите кои доведуваат  до основано сомневање  за непристрасност  или независност на медијаторот и таквото неоткривање  имало важно или неправилно  влијание на страната , а под тие околности  страната не би склучила спогодба за решавање на спорот
 
                2. Надлежниот орган на земјата потписничка во која се бара извршување, исто така може да одбие  извршување доколку  утврди дека
(а) одобрувањето на извршување  било во спротивност со јавниот поредок на земјата потписничка или
(б) предметот на спорот неможе да се решава со  медијација  согласно законите на државата
 
Член 6
Паралелни тужби или побарувања
 
Ако барањето за спроведување на извршување  во врска со спогодбата за решавање на спорот  се поднесе пред суд, арбитражен суд или некој друг надлежен орган  кој неможе да влијае на извршувањето кое се бара според чл.4, надлежниот орган на земјата потписничка на оваа Конвенција во која се бара извршување може  ако смета дека тоа одговара, да го одложи донесувањето на  одлука и може на барање на  некоја од страните  да и наложи на другата страна  да достави соодветно средство за обезбедување.
 
Член 7
Други закони или договори
 
Оваа Конвенција не ја лишува ниту една од заинтересираните страни  од правото да ја искористи спогодбата  за решавање на спорот  на начин и во мерка  дозволена со закон или договор на земјата потписничка на оваа Конвенција, каде сака да се повика на  спогодбата за решавање на спорот.
 
Член 8
Резерви
 
              1. Земјата потписничка на оваа Конвенција може да изјави:
(а) дека нема да ја примени  оваа Конвенција  на спогодба за решавање на спор во која е таа една од страните или во која една од страните е некој орган на власта или лице кое настапува  во име на тој орган  на власт, во рамки на наведеното во изјавата :
 
(б) дека ќе ја применува оваа Конвенција  само во онаа мера  во која страните  во спогодбата за решавање на спорот  се согласиле  со примената на Конвенцијата
           2. Не се дозволени резерви, освен  оние кои изричито  се одобрени во оваа одредба.
 
       3.Резерва може да изрази една од земјиште потписници на оваа Конвенција , во било кој момент. Резервите изразени во време на потпишувањето подлежат на потврда во постапка на ратификација , прифаќање или одобрување. Таквите резерви почнуваат да произведуваат дејство  истовремено со стапувањето во сила на оваа Конвенција во однос на таа земја потписничка . Резервите изјавени за време на ратификацијата , прифаќањето или одобрувањето на Конвенцијата или пристапувањето кон Конвенцијата  или во време на давањето изјава  од членот 13 на оваа конвенција , почнуваат да произведуваат дејство  истовремено со стапувањето во сила на Конвенцијата за таа земја потписничка . Резервите изјавени по стапувањето во сила на Конвенцијата  за таа земја потписничка  почнуваат да произведуваат дејство  шест месици по  датумот на депонирање
 
          4.Резервите и нивните потврди се депонираат кај депозитар.
 
          5.Секоја земја потписничка  која има резерва  во согласност  со оваа Конвенција мое  да ја повлече во секој момент. Таквото повлекување  се депонира  кај депозитар  и почнува  да произведува дејство  шест месеци  по депонирањето.
 
Член 9
Влијанието на спогодбите за решавање на спорови
 
          Конвенцијата и  сите резерви или повлекувањето на резервите  во врска со Конвенцијата  се применуваат  само на спогодбите  за решавање на спорови  кои се склучени  по датумот кога КОнвенцијата, резерва или повлекување на резерва  стапат во сила за таа земја потписничка.
 
Член 10
Депозитар
 
                    Генералниот секретар  на Обединетите нации се поставува за депозитар на  оваа Конвенција.
 
Член 11
Потпишување, ратификација, прифаќање, одобрување пристапување
 
            1.Оваа Конвенција е отворена за потпишување за сите држави  во Сингапур  на 07.Август.2019 година, а потоа во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк.
            2.Оваа конвенција е предмет на ратификација, прифаќање или одобрување од страна на државиите потписнички.
            3.Оваа Конвенција е отворена за  пристапување за сите држави  кои не се потписници  од датумот кога е отворена за потпишување
             4. Инструментите за ратификација, прифаќање, одобрување  или пристапување се полагаат кај депозитарот.
 
Член 12
Учество на регионални организации за економска интеграција
           
1.Регионална организација  за економска интеграција која е основана од суверени држави, и која има надлежност над одредена материја која се уредува со оваа Конвенција, може на сличен начин  да ја потпише, ратификува, прифати и одобри  оваа Конвенција или да и пристапи. Регионалната организација за економска интеграција во овој случај има права и обврски на земја потписничка на оваа Конвенција во мера во која таа организација има надлежност над материјата која се уредува со оваа Конвенција. Ако бројот на земјите потписнички е релевантен, регионалната организација за економска интеграција  не се смета  како уште една земја потписничка покрај своите држави членки кои се потписнички на оваа Конвенција.
 
2.Регионална организација за економска интеграција, во времето на потпишување, ратификација, прифаќање, одобрување или пристапување , ќе даде изјава пред депозитарот во која ќе ги наведат предметите што ги уредува оваа Конвенција,  за кои земјите потписнички ја пренеле надлежноста на Конвенцијата.Регионалната организација за економска интеграција веднаш ќе го извести депозитарот  за секоја промена за распределба на недлежностите , вклучително  новите пренесувања на надлежностите кои се наведени во изјавата  од овој став.
 
3.Секое упатување на ,,потписничка на Конвенцијата,, ,,потписнички на Конвенцијата,, ,,држава,, или ,,држави,, во оваа Конвенција се однесуваат еднакво на регионалните организации за економска интеграција  ако е во контекст на она што се бара.
4.Оваа КОнвенција нема примат во однос на правилата на регионалната организација за економска интеграција кои и противречат, без обзир на тоа дали се тие правила донесени  или стапиле  во сила пред или после оваа Конвенција : а) ако, според чл.4 , се бара извршување  во држава која е членка  на таква организација и сите држави  релевантни според чл 1  став 1, кои се  членови на таква организација или б) кога е во прашање признавање или извршување  на пресуда  помеѓу држави членки на таква организација.
 
Член 13
Неединствени правни системи
 
1.Ако потписничка на Конвенцијата  има две или повеќе територијални  единици во кои во поглед  на прашањата со кои се занимава оваа Конвенција  се примеуваат различни правни системи, во време на потпишувањето, ратификацијата, прифаќање одобрување  или пристапување  , може да прогласи  дека Конвенцијата се применува и на сите нејзини  територијални единици  или само на една  или повеќето од нив, при што во секој момент  може да се измени ваква изјава  така што ќе се поднесе друга.
2.За тие изјави се известува депозитарот , и во секоја од нив експлицитно се наведува  територијалната единица  на која се применува Конвенцијата.
3.Ако потписничката на Конвенцијата  има две или повеќе територијални единици во кои  со поглед на прашања со кои се занимава Конвенцијата се применуваат различни правни системи:
(а) секое спомнување на закон или правила  на постапката  во таа држава  се смета  со повикување, по потреба, на закон или правила на постапката која е во сила  во релевантната територијална единица.
(б) секое споменување на деловното седиште во таа држава се смета за  спомнување, по потреба, деловното седиште  во релевантната теритријална единица
(в) секое споменување на надлежен орган  во таа држава, се смета за спомнување , по потреба, со неговото присуство во територијалната единица.
 
4.Ако потписничката не даде изјава според  ст.1 од оваа одредба , Конвенцијата се однесува на сите територијални единици  на таа држава.
 
Член 14
Стапување во сила
 
       1.Оваа Конвенција стапува во сила  шест месеци  по депонирањето на третиот инструмент на ратификацијата, прифаќањето, одобрувањето или пристапувањето.
 
            2.Ако држава  ја ратификува прифати одобри  оваа КОнвенција или пристапи  кон оваа Конвенција по депонирање на третиот инструмент на ратификација, прифаќање, одобрување или пристапување, Конвенцијата стапува во сила  во однос на таа држава шест месеци  по датумот на депонирање на инструментот на ратификацијата , прифаќањето, одобрувањето или пристапувањето. Во територијалната единица на која е прооширен делокругот на оваа КОнвенција во согласност со чл,13, Конвенцијата стапува во сила  шест месеци  по известувањето  за изјавата на која се упатува во таа одредба.
 
Член 15
Измени
 
1.Секоја потписничка на оваа КОнвенција може да предложи измени  на оваа Конвенција така што ќе ги поднесе до Генералниот секретар  на Обединетите нации. Генералниот секретар потоа ги известува потписничките на Конвенцијата  за предложената измена , со барање да наведат дали дали ја одобруваат конференција на потписничките на Конвенцијата заради разгледување на предлогот и гласање по истиот.Во случај во рок од четири месеци  од датумот на тоа известување барем третина од потписничките ја одобри таквата конференција, Генералниот секретар  свикува конференција под покровителство на Обединетите Нации.
2.Конференцијата на потписничките  на Конвенцијата ќе ги вложи сите напори за да се постигне консензус за таа измена. Доколку се исцрпат сите обиди  да се постигне консензус а истиот не се постигне, како крајно решение  за усвојување  на измена и дополнување на барањето е двотретинско мнозинство од гласовите на потписничките  кои се присутни и гласаат  на конференцијата.
3.Усвоената измена депозитарот ја доставува до  потписничките  на ратификација, прифаќање или одобрување.
4.Усвоената измена стапува во сила шест месеци по датумот  на полагање на третиот инструмент на ратификација, прифаќање или одобрување. Кога измената  стапува во сила, обврзувачка е за  оние потписнички на Конвенцијата  кои изразиле согласност со неа да се обврзат.
5.Ако потписничка ратификува, прифати или одобри измена  по депонирањето на  третиот инструмент на ратификација прифаќање или одобрување , измената стапува во сила  кај таа потписничка  шест месеци  по датумот  на депонирање на инструментот  на ратификација прифаќање или одобрување.
 
Член 16
Откажување
 
              1.Потписничка, Конвенцијата можже да ја откаже така што за тоа  формално, во пишана форма  ќе го извести депозитарот. Отказот  може да биде ограничен  на одредени  територијални единици  на необединетиот правен систем  на која Конвенцијата се применува.
              2.Отказот стапува во сила  12 месеци откако депозитарот ќе го прими известувањето. Ако во известувањето е наведен подолг рок за почеток на дејството на отказот, дејството на отказот почнува  по истекот на тој подолг рок, од моментот кога депозитарот ќе го прими известувањето. Конвенцијата и понатаму ќе се применува на спогодбите  кои произлегле од медијација кои се склучени пред отказот да  почне да произведува дејство.
 
            ИЗГОТВЕНО на еден изворен примерок/изворник, на текстови кои се на арапски, англиски, кинески, руски, француски и шпански јазик подеднакво веродостојни.