Учество на Комората на медијатори на меѓународната конференција во Сараево

                 Во Сараево на 18.09.2019 беше одржана меѓународна конференција на тема „Со медијација до изградба на мир“ во организација на Здружението од Југоисточна Европа со седиште во Загреб. Партнери на Конференцијата се: Мисија на ОБСЕ во БиХ, Центар за помирување Медијатор, Хрватска, Здружението на медијатори на Бих), Мрежа за изградба на мирот и Коалиција за толерантно и позитивно од Добој (ТПД) На конференцијата беа поканети здруженија на медијатори од земјите на регионот Србија, Косово Хрватска и Р.С. Македонија. Претседателот на КМРСМ м-р Славе Младеновски, кој говореше за искуствата од примената на медијацијата во нашата држава, истакна дека медијацијата во Северна Македонија го бележи најголемиот развој со градење деловни односи со многубројни правни субјекти како подржувачи на медијацијата од земјата и странство. Младеновски потенцира дека КМРСМ е прва организација на медијаторите што потпишала Меморандум за соработка со Владата на својата држава за зголемување на примената на медијацијата во општеството и за нејзина промоција меѓу граѓаните и приватниот и јавниот сектор. Како резултат на потпишувањето на Меморандумот, Владата донела заклучок со кој им препорачува на претпријатијата од јавниот сектор и на државните органи при решавање спор да се обидат да го решат со медијација, истакна Младеновски. Комората на медијатори, подвлече Младеновски, потпишала неколку меморандуми за соработка со други професионални здруженија од земјите на Европската Унија и од регионот, а во наредниот период се посветени на зачленување на Комората во Меѓународниот институт за медијација од Хаг. На Првата европска Конференција на тема Медијацијата и бизнисот што се одржа во Скопје во организација на КМРСМ и со поддршка на Холандската амбасада во Р.С. Македонија и Сојузот на Стопанските Комори (ССК), медијаторите од регионот и Европа ги споделија сопствените искуства во решавањето спор и упатија пораки до одредени групи од населението да ја користат медијацијата, истакна Младеновски и додаде дека ваквите форми на соработка меѓу медијаторите претставуваат вистински патоказ за промоција на медијацијата.

              Организаторот на Конференцијата Стипе Шола истакна дека бројот на учесници од година во година се зголемува и дека ваквите средби им овозможуваат на медијаторите подобро да се запознаваат и да ја шират мисијата на медијацијата во регионот. Од име на домаќинот на Конференцијата на присутните им се обрати Есад Беќировиќ кој истакна дека е задоволен од учеството на медијатори од регионот кои се негови долгогодишни соработници и пријатели, како од присуството на нови личности што се приклучиле во поддршка на медијацијата. Беќировиќ, кој беше претставник од Босна и Херцеговина на Конференцијата во Скопје, истакна дека тој настан му оставил голем впечаток во промоцијата на медијацијата и како резултат на споделеното позитивно искуство во Скопје, успеал да ги мотивира своите колеги да ја организираат Меѓународната конференција во Сараево посветена на медијацијата и мирот. На конференцијата се обрати Љупчо Сотироски како медијатор од Северна Македонија и како потпретседател на Здружението од Југоисточна Европа при истакна дека како медијатори треба да се посветиме на најмладата популација во општеството и преку запознавање со принципите на медијацијата учење и воспитување да им се помогне како да решаваат спор во животот.
 

Галерија