Советување на тема „Медијација и Арбитража“


 
          Медијаторите членови на Комората на медијатори, на покана на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, во соработка со Европскиот институт за јавна администрација (ЕИПА), имаа прилика да  учествуваат на советување на тема „Медијација и Арбитража“ кое се одржи во период од 25-26 септември 2019 година (среда-четврток) во просториите на Академијата.

        Советувањето беше организирано како дел од Луксембуршката програма за техничка помош, во соработка со Европскиот центар за судии и адвокати при ЕИПА.

        На советувањето присуствуваа покрај медијатори и судии, службеници и претставници на Министерството за Правда, а целта беше информирање на присутните  за значењето на алтернативнот решавање на споровите, методите за медијација и арбитража, развојот на медијацијата и нејзината примена во изминатиот четиринаесетгодишен период, потребата од постојано усогласување на законската рамка за медијација со Правото на ЕУ, значењето на Сингапурската конвенција за медијација и спроведувањето на медијација во стопански спорови според пропишниот задолжителен обид за овој вид на спорови.

     Како резултат на успешно спроведеното советување и интересот кој  присутните го покажаа за успешно презентираните теми од страна на предавачите, претставниците на Комората на медијатори и на ЕИПА Европскиот институт за јавна администрација, г-дин Славе Младеновски и г-ѓа Роберта Рибеиро Оертел, одлучија нивната соработка во областа на медијацијата да продолжи и во иднина, со цел да се овозможи вистински развој на медијацијата и  зголемување на соработката на медијаторите со судиите во својство на промотори на оваа благородна и хумана постапка на решавање на спорови секогаш кога тоа е поволно и на брз, ефикасен  и економичен начин.

      На советувањето, со свое предавање се обратија медијаторите Роза Алексова и Јелисавета Георгиева Јовевска. 

Програма за советувањето ,,Медијација и Арбитража“ 
 
 

Галерија