Зошто е добро, при склучување договори, како правна заштита да предвидете медијација за решавање на спорови

          Зошто е добро, при склучување договори, како правна заштита да предвидете евентуалниот спор да се решава со медијација ?

         За да избегнете предизвикување на високи трошоци за решавање на спорови кои би произлегле од договорите кои ги склучувате, превентивно, уште при подготвувањето на текстот на договорите, предвидете во делот на одредбата за правна заштита - медијациска клаузула.

          Заштитите се евентуалниот спор кој би настанал од конкретен договор да не го решава судија, туку брзо, ефикасно и доверливо сами да се обидете да го решите, компромисно и  согласно Вашиот интерес,  со посредство на лиценциран медијатор кој Вие сами ќе го изберите од Именикот на медијатори.

             #Линк од именикот  на медијатори

          Одредбата за правна заштита во договорите кои ги подготвувате – медијациската клаузула, треба да гласи :

          ,,Споровите кои ќе произлезат од овој договор или ќе настанат во врска со договорот, вклучително и споровите за полноважноста на договорот, ќе се решаваат со медијација,,

         При вака предвидена клаузула за правна заштита, ја исклучувате надлежноста на било кој суд, а решавањето на спорот го преземате во Ваши раце со посредување од страна на лиценциран медијатор кој го бирате

             Тужбата, секогаш нека Ви е последна опција за да решите евентуален спор.

             Зошто ?

            Затоа што со поднесување тужба пред суд, ќе изгубите   драгоцено време, ќе потрошите многу пари, ќе бидете во  непријатно расположение изложувајќи се лично или Вашиот бизнис на јавноста, а можно е и да го изгубите спорот.

            Со иницирање на постапка на медијација, наместо судска, си обезбедувате брзо ефикасно и економично решение за Вашиот спор, во доверлива постапка, надвор од очите на јавноста и што е многу важно, спогодбата која би ја постигнале секако дека ќе значи компромис од кој никој од инволвираните во спор нема да се почувствува поразен. Покажете големина и подадете рака на противникот. Зачувајте ги блиските релации кои сте ги имале пред да настане спорот, обновете ги партнерствата кои сте ги раскинале заради конфликт и развивајте го бизнисот така што да градите бренд на пазарот. 

            Што ако во договорот кој сте го склучиле, не е предвидена медијациска клаузула, а дошло до настанување на спор ?
 
            И во овој случај, кога изостанува конкретизирање за начинот на решавање на евентуален спор, повторно имате можност да се одлучите спорот да го решите во постапка на медијација, а не на друг начин, така што со другата страна ќе се договорите преку лиценциран медијатор да се обидете спорот да го решите надвор од судовите и во постапка на медијација.

              Ве охрабруваме да го имате во предвид погоренаведеното и да избегнувате да пишувате во договорите одредби за правна заштита зборови како на пример ;

                    ,,во случај на спор, истиот ќе се реши спогодбено,,
                    ,,во случај на спор, истиот ќе се реши на мирен начин,, и сл.

          Постојат повеќе методи на алтернативно решавање на споровите, па доколку конкретно не го наведете решавањето на спорови по пат на медијација, не се исклучува надлежноста на  судот да одлучува по Вашиот спор, иако сте навеле спогодбено, односно мирно решавање во договорот. Ова од причина што  не би било јасно како всушност би се решил спорен однос на мирен начин или спогодбено, односно што всушност договорните страни предвиделе во договорот кој го склучиле а во врска со истиот настанал спор.

         Без оглед дали договорот е нарушен по Ваша или по вина на другата страна, поради пропуст или поради финансиска неможност на било кој од договорните страни, подобро е настанатиот спор да го решавате со медијација.

            Земете ја правдата во свои раце, почитувајќи го Уставот и законите и сите други прописи кои важат во нашата држава.
 
              Ве повикуваме да бидете пример за помладите генерации,  пример за почитување на противникот со компромисно решавање на конфликти.

              Неможете  да се ракувате  со стиснати тупаници – Индира Ганди

            Искуството, да учествувате во медијација, ќе си го направи своето, па нема да размислувате повеќе на судот како подобра опција за решавање на споровите.

             За повеќе информации во врска со постапката на медијација, јавете се на моб.075 314 142 или пратете емаил на следниве адреси:  k_m_r_m@yahoo.com  или  contact@kmrm.org.mk